За нас

 

 

Основање и организациска поставеност

 

Централната медицинска библиотека е основана во 1947 година заедно со основањето на Медицинскиот факултет. Во почетокот Факултетот и Библиотеката биле сместени во Централниот хигиенски завод. Во 1949 год. со изградбата на институтската зграда, и Централната библиотека добила свои простории на првиот кат од оваа зграда, а подоцна во приземјето каде и денес се наоѓа. Во 1968 год. е изградена дополнителна едноспратна зграда во дворот на Институтите. Вкупната површина на овие две простории изнесува 545 м2.  Во 1969 год. во студентската населба "Невена Георгиева-Дуња" прилагодена е една барака како Sтудентска библиотека и читална со површина од 180 м2, каде студентите може да позајмуваат книги и да учат за колоквиуми и испити. Просторот  во кој е складиран книжниот фонд е сосема недоволен, па делумно, овој проблем ќе се реши со магацинскиот простор од околу 100 м2 што Библиотеката го доби во новиот Деканат на Медицинскиот факултет во 2003 година. Од основањето до денес Централната библиотека се наоѓа во склопот на Деканатот на Медицинскиот факултет и е под непосредно раководство на Деканот на факултетот.

 

 

Оддели

 

 

 

Книжен фонд

 

 

 

Корисници

 

 

 

Вработени

 

Основна задача на вработените во Библиотеката е на најдобар и најбрз начин да одговорат на потребите на корисниците.

 

м-р Ленче Даневска, раководител на Библиотеката

 

Работно време:

 

Понеделник - петок: 7.00 до 15.00 часот