УСЛУГИ
авторски, предметен и топографски каталог кој нуди информации за книжниот фонд од постоењето до денес на класични каталожни картончиња
on-line каталог во кој се складирани податоци за книгите од 1994 год.
on-line каталог во кој се складирани податоци за 381 наслови на списанија
книгите се издаваат на користење надвор од Библиотеката според утврдени правила (одлука на Деканот)
фотокопии на статии од списанија
пристап до Интернет
листа на примени списанија и книги еднаш годишно се доставува до сите медицински институции во Македонија
фотокопии од Билтен на "Универзитетот Св. Кирил и Методиј" за избори и реизбори во наставни звања
Порачка на статии од списанија од Spencer S. Eccles Health Sciences Library од Salt Lake City, Utah, USA. Статиите се добиваат по електронски пат во .pdf за неколку дена. Доколку оваа библиотека го има списанието, една статија чини $ 6,00 независно од бројот на страниците. Доколку статијата се изнајмува од друга библиотека, таа чини $ 11,00.
Од 1998 год. Библиотеката е назначена како Документациски центар на Светската здравствена организација
Голем број од СЗО публикациите се достапни на Интернет; оние до кои нема пристап може да се обидеме да ги добиеме
Во Библиотеката има по неколку примероци од одредени публикации кои може да се позајмат или дури да бидат дадени на оние кои директно работат со одредена проблематика
Пред две години СЗО и обезбеди на Библиотеката пристап до HINARI (види: електронски списанија со password)