Одлука на Деканот

 

1.   Дисертациите, магистериумите, енциклопедиите, речниците и книгите кои во фондот се застапени со само еден примерок не се позајмуваат на користење надвор од Централната медицинска библиотека.  

2.   Книгите од ист наслов кои ги има во повеќе примероци може да се позајмуваат, но со обврска да се вратат најдоцна во рок од еден месец од денот на позајмувањето.

3.   Доколку корисникот не ја врати книгата во рокот назначен во точка 2 од оваа наредба, тогаш тој нема право да позајмува повторно книги од Библиотеката, ниту да користи каков и да е друг вид литература.          

4.   Сите досега позајмени публикации веднаш да се вратат во Централната медицинска библиотека, а со цел да се почитува ставот наведен во точките 1 и 2 од оваа наредба.

5.   Пред да ги завршат студиите на Медицинскиот факултет, студентите треба да ги вратат сите позајмени книги од Библиотеката и да добијат потврда дека не должат ништо. Во спротивно нема да можат да си ја подигнат дипломата.

 

Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето (декември 2000).

Декан на Медицински факултет